Протести во Скопје за барањата на Софија, премиерот вели дека за идентитетот не се преговара

0
63

Бугарија да прекине да ја краде македонската историја. Ваква порака до бугарските власти испратија група граѓани кои денеска протестираа пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Ги осудија условите за поддршка на земјава кон ЕУ интеграциите.

Премиерот Заев смета дека 20-ната услови кои ги постави Бугарија ќе се решаваат преку спроведување на договорот за добрососедство. Очекува дека земјата ќе ја добие поддршката од Бугарија бидејќи, како што вели, и премиерот Борисов го користел терминот „македонски народ“.

„Идентитетот не е прашање на кое се преговара во 21-от век. Современа европска Бугарија верувам дека тоа го разбира. Верувам дека низ решавањето и имплементација на Договорот со Република Бугарија ќе ги изнајдеме решенијата и на овие прашања затоа што идентитетот е чувство. Тие тоа го признаваат, јас му се полконувам на премиерот Борисов кој е европски политичар и кој на нашите пресови во Софија, но и овде спомна македонски народ, заради тоа што навистина 21-от век не ги овозможува перцепциите на ограничување на идентитетските прашања. Секако желни за поскоро решение на секое од овие прашања се испоставија и вака декларативни нивни очекувања кои верувам во најмала се тоа дека договорите треба да имаат реализација, но при тоа не смеат да бидат пречки“, истакнува Заев.

Додека бугарските власти се заканија со условени евроинтеграции, од тимот на македонската експертска комисија која преговара со бугарските историчари, велат дека средбите продолжуваат без разлика што ќе се случува на политичко поле со Бугарија. Драги Ѓоргиев кој го предводи македонскиот тим вели дека моментално се преговара за чествувањето на Гоце Делчев и проблемите околу македонскиот јазик кои неодамна произлегле.

„Реков дека нема да има жртви ниту на едната, ниту на другата страва, а доколку условно кажано има жртви историски на едната или на другата страва тогаш не е постигнат договор. Мора да бидат двете страни еднакво задоволни од тоа што ќе се постигне“, изјави Драги Ѓеоргиев од Комисијата за преговори со Бугарски историчари.

За потегот на бугарските власти за условена поддршка на евроинтеграциите се огласи и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Најновиот ултиматум на Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година, напшиша Георгиевски на фејсбук.