Во Киев денеска се одржаа протести против плановите на претседателот Володимир Зеленски да одржи локални избори на територијата на источна Украина која е под контрола на проруските сепаратисти. Украина, Русија и медијатори од Германија и Франција на 1 октомври потпишаа пробен договор со сепаратистите за насоките за спроведување на локални избори во источна Украина.
Зеленски го опиша договорот како неопходен посреден чекор пред организирањето на самит со лидерите на Русија, Франција и Германија со цел извршување на притисок за постигнување мировен договор.