Рекол дека Курдите, кои стражареле и ги чувале илјадниците затворени припадници на Исламската држава, сега бегаат.
-Не сум сигурен дали турската армија ќе може да ја доведе ситуацијата под контрола, рекол Путин за време на посетата на Туркменистан.
Додал дека ова е вистинска закана за сите.
-Едноставно, мораме ова да го сфатиме и да ги мобилизираме ресурсите на нашите безбедносни служби како би неутрализирале покренување на нова закана, додал тој.