На 15 окомври целата држава ќе ја чека одлуката на министрите на ЕУ за доделување датум за преговори за членство во Унијата. Но за Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец, овој ден ќе има друго значење. Тие ќе ја чекаат одлуката на Јавното обвинителство, кое до тогаш ќе треба да одлучи дали ќе покрене обвинение за случајот „Рекет“ и тројцата инволвирани од осомничени ќе станат обвинети.
Катица Јанева во притворот во Шутка се уште се мисли дали да даде исказ во Јавното обвинителство. Нејзините двајца адвокати велат дека е неизвесно дали таа ќе сведочи пред обвинителката Вилма Рускоска. Тие засега не добиле инструкции од екс специјалната обвинителка како да постапат во рамки на истрагата, но велат дека работат на нејзината одбраната, за која не можат да откријат детали.