Рускоска: Се истражува кој изнесувал и продавал доверливи документи од „Рекет“

0
191

Обвинителката Вилма Рускоска за ТВ21 потврдува дека во тек е истрага со која треба да се утврди кој од одделението за гонење на организиран криминал и висока корупција изнесувал и продавал доверливи документи од „Рекет“.

Како што дознава ТВ21, се проверуваат безбедносните камери во Апелациониот суд, како и листинзи со повици од кои биле нудени документите, меѓу кои и искзот на второосмничениот Зоран Милевски – Кичеец. Исказот на Кичеец обвинителството одлучи да не биде достапен за увид на адвокатот и осомничените Бојан Јовановски и Катица Јанева.