Светиниколското училиште „Кочо Рацин“ доби опрема од 45.000 евра

0
41

Светиниколското средно општинско училиште  „Кочо Рацин“ доби земјоделска механизација за успешно реализирање на практичната настава за  учениците.

Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека на трајно користење од Владата на Република Северна Македонија се доделени соларна сушара за овошје и зеленчук, фумигатор, двобразен плуг, трактор, ѓубрерастурач, атомизер, прскалка, брана четирикрилна, моторен култиватор со тркала, приклучна механизација, фреза, косачка и плуг.