Секоја општина има телефонски број за пријавување на проблеми

0
62

Од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ги информираат граѓаните дека сите проблеми и поплаки поврзани со активностите на нивните екипи на терен, собирањето и транспортот на комуналниот отпад, собирањето на кабастиот отпад и расчистувањето на дивите депонии, отсега можат да ги пријавите на следните телефонски броеви: за општина Сарај (075/386-664), општина Ѓорче Петров (075/302-273), општина Карпош (078/421-954), општина Центар (070/609-001), општина Аеродром (076/261-383), општина Гази Баба (072/320-970), општина Шуто Оризари (075/381-194), општина Кисела Вода (070/233-740), општина Бутел (076/261-446) и општина Чаир (076/474-369).

Проблемите поврзани со собирање кабаст отпад и расчистување диви депонии, можат да се пријават на телефонскиот број: 072/272819.

Дежурниот телефон на ЈП „Комунална хигиена“, 3216 644, исто така останува во функција, од понеделник до сабота, во периодот од 8 до 20 часот