Села: Заев ќе ја отстрани Ременски, а Османи кој е осомничен во „Пациент“ му е вицепремиер

0
122

Премиерот Зоран Заев е контрадикторен со денешата најава дека ќе ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во „Пациент“ му е вицепремиер, рече лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во гостување на 24 анализа.

– Османи е исто така осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја замајува јавноста. Случајот „Рекет“ има симболика. Не велам дека Османи е директно вмешан во овој рекет. Симболиката на „Рекет“ е симболика на разочарување од нефункионирање на правниот систем. Според мои сознанија, СЈО и Катица Јанева го имаа заштитено Османи да не одговара за случајот „Пациент – рече Села.