Сенатот на САД се уште не го ратификувал протоколот за НАТО

0
173

Сенатот на САД синоќа гласаше за затворање на дискусијата по точката со која се предвидува ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Гласањето за ратификацијата во горниот дом на американскиот парламент е закажано за денеска во 18 часот по македонско време. Согласност за таа одлука уште во јули годинава даде и Комисијата за надворешна политика на Сенатот. Се очекува одлуката да биде поддржана со големо мнозинство гласови.
За Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата неопходно е Протоколот да биде ратификуван во парламентите на сите 29 земји-членки, а на крајот и во македонското Собрание.