Скопската полиција ловеше нарко дилери во раните утрински часови

0
97

Утрово во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје го привеле С.Т.(26) од Кратово, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена непозната прашкаста материја.

Во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„ Кеј 13ти Ноември“ во Скопје, од слобода го лишиле С.Ц.(28) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Претходно во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле П.М.(38) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, против овие лице ќе биде поднесен соодветен поднесок.