Се прават последни чекори, пред Македонија и официјално да стане членка на НАТО. Наредната недела во Собранието ке се најде новиот закон за одбрана, кој е усогласен со обврските и правилата на Алијансата. Од самоодбрана, земјата преминува во систем на колективна одбрана, каде напад врз една , значи напад врз сите членки на НАТО. Токму во тој сегмент се направени и клучните промени во закондавството.
Ресорната министерка очекува широка поддршка за овој закон, за кој е потребно двотретинско мнозинство во параламентот. Шкеринска најави континуирано зголемување буџетот за одбраната согласно НАТО стандардите, но и зоглемување на процентот на средствата наменети за модернизација на опремата за Армијата и за инфраструктурните објекти.
Во меѓувреме уште се чека на 6 земји да ја завршат процедурата на ратификација на протоколот за прием во Алијансата. Најголема проблем преставува Шпанија, каде на 10 ноември се закажани избори, по што ке треба и извесен период да профункционира новиот состав на парламентот.
Тоа значи дека постојат реални шанси Македонија да не го добие полноправното членствио на декемврискиот самит во Лондон, туку наредната година.