Спасовски: На 27 април докажавме дека сме подготвени да ги дадеме животите за слобода

0

До пред години се боревме да се избориме за слободата и демократијата во Македонија и на 27 април во Собранието покажавме дека сме подготвени да ги дадеме животите за слободата, истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово.

-Денеска со успех констатираме дека таа слобода и демократија ја имаме, но сега е моментот чесните и клучни луѓе да ги победат арамиите, кои 11 години ја држеа земјата во темнина. Таа битка не смееме да ја изгубиме, рече Спасовски, додавајќи дека таа битка се покажува на дело секој ден низ неселективна паравда и транспарентни постапки и секој еден што се огрешил пред законот се изведува пред лицето на правдата.