Спречен шверц на 50 кг. дрога

0
46

Шверцерите се уапсени, а возилото е времено запленето од Одделението за истраги при Царинската управа на Македонија.

Вчера во 11 часот на граничниот премин „Богородица“, при контрола на патничко возило „опел мерива“ со албанска таблички управувано од А.M. (44), а сопатник бил А.M.(18), двајцата од Република Албанија, во посебен бункер, граничните служби откриле повеќе пакувања марихуана со вкупна тежина од 50 килограми. Шверцерите се уапсени, а возилото е времено запленето од Одделението за истраги при Царинската управа на Македонија.