Стевананџија со стан во Скопје, наплатил околу 23.000 евра патни трошоци?

0
293

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Прилеп, Стевананџија во 2014 и 2015 година по основ на патни трошоци од Собранието наплатил 1.382.080 денари односно приближно 23.000 евра, пишува порталот Трибуна.

Тоа се случува и покрај фактот дека Стевананџија во 2014 година станува сопственик на стан во Скопје на улица Васил Ѓоргов бр. 9/2-11 со вкупна површина од 50 м2 и вредност од 2.745.000 денари. Иако согласно Законот за спречување на корупцијата, избран или именуван функционер најдоцна 30 дена од денот на изборот или именувањето треба да пополни анкетен лист со детален попис на недвижниот имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова или во сопственост на членовите на неговото семејство, Стевананџија НЕ го пријавил станот во својот Анкетен лист поднесен по стапувањето на функцијата пратеник во 2014 година.

Иако поседува стан во Скопје уште од 2014 година, Стевананџија продолжил да наплатува патни трошоци од буџетот на граѓаните и Собранието. За спомнатиот период од 2 години сумата изнесува 23.000 евра, пишува порталот.