Тачи: ДУИ не сака попис затоа што се плаши дека Албанците во Македонија ќе испаднат дека се помалку од 20 отсто

0
187

ДУИ не сака да се спроведе најавениот попис затоа што се плаши дека Албанците во Македонија ќе испадне дека се помалку од 20 отсто, изјави Мендух Тачи претседател на ДПА и владин партнер во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Според Тачи, лошите политики на ДУИ ги натерале Албанците да си заминат од земјава.

– Вие сте приметиле дека кај ДУИ постои еден страв за да не се направи пописот. Можеби не го кажуваат тоа јавно, но по кулоари кажуваат дека постои ризик бројот на Албанци да е паднат под 20 отсто. Ова може да биде вистина, но оваа вистина открива и една друга вистина дека од 2001 година, 19 или 18 години на политичкото и владеачко дејствување на ДУИ резултира со тотално фијаско. Ако денес се плашиме дека нашиот број ќе биде под 20 отсто, тогаш анализата вели дека Албанците си заминале од тука, Албанците не виделе тука перспектива, Албанците мигрирале и ова е еден многу цврст аргумент – рече Тачи.