Тачи смета дека Косово треба да покаже зрелост и при форимирањето на нова влада

0
146

Претседателот на Косово Хашим Тачи им честита на косовските граѓани и на политичките партии за достоинственото, слободно и демократско гласање на вонредните парламентарни избори што се одржаа вчера во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку својата страница на Фејсбук Тачи порача дека „Косово уште еднаш покажа висока политичка и демократска зрелост”, а таквата зрелост треба да се покаже и при формирањето на идната Влада.

– Им честитам на граѓаните на Република Косово и на политичките партии за примерните избори, за достоинственото, слободно демократско гласање. Косово уште еднаш покажа висока политичка и демократска зрелост. Сега иста таква зрелост треба да покажеме и за формирање на новата влада, што поскоро и со соочување со предизвиците кои веднаш сега го очекуваат Косово – напиша Тачи.

Прочитајте и… Американски компјутерски гигант најави затворање на девет илјади работни места
Според официјалните резултати на Централната изборна комисија на Косово, победници на вчерашните ибори се досега опозициските Движење Самоопределување (ВВ), со освоени 25,76 и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) со 25,06 отсто од гласовите. Досега владејачката Демократска партија на Косово (ПДК), која ја основа и до изборот за претседател пред 3,5 години ја водеше Тачи, како третопласирана со освоени 21,18 отсто од гласовите, синоќа го призна изборниот пораз.