Тероризам во Манчестер – четворица избодени со нож Еден човек на возраст од 40

0
137

Еден човек на возраст од 40 години е уапсен во Манчестер, откако неколку лица беа прободени со нож во градскиот трговски центар Арндале.

За време на нападот се повредени четворица лица, соопшти полицијата на Манчестер. Две жени и маж биле однесени во болница со убодни рани, а трета жена исто така била хоспитализирана, но не била прободена со нож. Уапсениот се сомничи за терористички напад.

На социјалните мрежи се споделуваат снимки од место на нападот, а на една од нив се гледа како полицијата онеспособува еден маж и го апси.

Еден сведок кажал дека мажот трчал низ трговскиот центар со нож во раката и дека ги повредувал луѓето. Нападот се случил во приземните простории на трговскиот центар.

Извор Телма