„Титаник потона, јас сум на друг брод“, Амди Бајрам останува со СДСМ, кој со кого ќе коалицира?

Амди Бајрам, единствениот пратеник на Сојузот на роми, ги негира гласините дека ќе преговара со ВМРО-ДПМНЕ. Но реакцијата важи за овој период, односно до изборите, а по изборите ништо не е сигурно.

Претседателот СДСМ, Зоран Заев е отворен за да ја прошири коалицијата и со други албански партии.

И од Алијанса за Албанците велат дека вратите им се отворени за коалиција со албанските опозициски партии, но не ги спомна двете македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.