ВАШИНГТОН — Претседателот на САД Доналд Трамп ја брани неговата одлука да ги повлече американските сили од севрениот дел на Сирија, по критиките дека овој потег ќе им наштети на Сириските демократски сили, предводени од Курдите, како и на борбата против Исламската држава.
„Време е да излеземе од овие бесмислени војни кои немаат крај, и да ги вратиме нашите војници дома. Ќе се бориме каде ние имаме корист, и само за да победиме“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи:
„Турција, Европа, Сирија, Иран, Ирак, Русија и Курдите сега ќе треба да размислат што ќе прават со борците на Исламската држава во нивните соседства. Ние сме 7000 милији подалеку и ќе се бориме против Исламската држава ако ни се приближи нам“.