Трамп: Време е да излеземе од војните кои немаат крај

0
165

Претседателот на САД Доналд Трамп ја брани неговата одлука да ги повлече американските сили од севрениот дел на Сирија, по критиките дека овој потег ќе им наштети на Сириските демократски сили, предводени од Курдите, како и на борбата против Исламската држава.

„Време е да излеземе од овие бесмислени војни кои немаат крај, и да ги вратиме нашите војници дома. Ќе се бориме каде ние имаме корист, и само за да победиме“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи:

„Турција, Европа, Сирија, Иран, Ирак, Русија и Курдите сега ќе треба да размислат што ќе прават со борците на Исламската држава во нивните соседства. Ние сме 7000 милији подалеку и ќе се бориме против Исламската држава ако ни се приближи нам“.