Трамп загубил две до пет милијарди долари откако е претседател, но не му е гајле

0
42

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека во текот на досегашниот мандат можел да заработи меѓу две и пет милијарди долари, но дека воопшто не се грижи за тоа.

„Доколу сум повторно во таа ситуација би го сторил истото, бидејќи кому му е гајле, доколку можете да си го дозволите тоа, тогаш не е важно“, рекол Трамп за новинарите.

Американскиот претседател го вознемири тоа што мораше да се откаже од намерата да го организира смитот на Г7 на своето голф летувалиште „Trump National Doral“ во близина на Мајами. Притоа тој појасни дека сместувањето на челниците на седумте најразвиени земји во светот и делегациите има намера да го направи бесплатно.

Сепак, некои од неговите републиканци како и опозициските демократи жестоко ја критикуваа неговата намера, а вторите го обвинија дека профитира од претседателската функција.

Трамп ја отфрла, како што ја нарекува „божемната одредба за заработка“, одредба од американскиот устав која им забранува на претседателот и пратениците да профитираат од своите функции. Децата на претседателот, главно го преземаа водењето на семејниот бизнис.

„Загубил јас две милијарди, пет милијарди или помалку, не постои разлика. Не ми е грижа. Го правам ова за земјата. Го правам ова за луѓето“, рече Трамп.

Рече дека сега ќе разгледува други локации за сместување на светсктие челници на самитот на Г7. „Не мислам дека ќе бидат толку возбудливи или добри (локации)“, додаде Трамп.