Трамп: Ќе ја уништам турската економија ако дејствува надвор од границите

0
137

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека целосно ќе ја уништи и збрише економијата на Турција, доколку Анкара направи нешто во Сирија што би било протолкувано како дејствување надвор од границите.

„Ако Турција направи нешто што јас по своја голема и неспорделива мудрост го сметам за надвор од границите, целосно ќе ја уништам турската економија ( што сум го правел и претходно!)“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Предупредувањето на Трамп кон својот сојузник во НАТО беше упатено веднаш откако Белата куќа го соопшти повлекувањето на американските војници од турско-сириските гранични реони.