Тричковски: Одбраната на македонството е негов најголем пораз

0
34

Сите што копаат по националните корени и нуркаат во плитките води на историјата во потрага по клучните бисери на посебноста, од историчарите, до политичарите, новинарите и таканаречениот обичен свет, учествуваат во проблематизирањето на идентитетот, не во неговата потврда. – пишува новинарот Бранко Тричковски.

Тој вели дека одбраната на македонството е негов најголем пораз појаснувајќи дека самата расправа во која сме (само)навлечени по 75 години државност и национален развој, е сериозен елемент на (само)дисквалификацијата.
Мораме да излеземе од тоа ниво на саморасудувањето и на саморазбирањето.
Како!?
На едно филозофско ниво би можело да се каже дека треба да се одлепиме од омилената дисциплина на докажувањето дека сме Македонци за сметка на дисциплината да бидеме Македонци.
-Во остварувањето на таа задача мораме да совладаме еден апсурд и да оствариме еден подвиг. Апсурдот е во тоа што длабокото и квалитетно, ако така може да се каже, македонството, задолжително бара сериозен отклон, ослободување на Македонецот од Македонија, од нејзините стеги кои го прават не цел човек, стиснат во себе, згрчен, вмрофилен односно утепан, со вморонскиот фолклор кој му го поматува умот и му ги потиснува потенцијалите, тоа е тој аспурд за кој Македонците, тоа треба отворено да се каже, немаат ама баш никаква смисла, а подвигот е преку ослободувањето за кое зборувавме во првиот став да ослободуваме енергија за индивидуалните остварувања преку кои и ние ќе оставиме некаква трага на културната, економската, научната, уметничката карта на Европа и на светот. И преку индивидуалниот идентитет ќе се остварува, ќе биде, колективниот. Не обратно. – пишува Тричковски.
Тој вели дека тоа е задача на епската национална преродба. Таа проекција може да ни се чини неостварлива, но ако појдеме од убиството на вмро во себе и околу себе, ќе видиме дека тие перспективи не се така недофатливи. Ние се ослободивме од комунизмот, не гледам дека не би можеле да се ослободиме и од национализмот кој ни се нуди со вечната гаранција на пропаста. – завршшува Тричковски.