ТУРИСТИТЕ ВО ПАНИКА: Два земјотреса на Закинтос

Два земјотреса со јачина од 4,4 и 4,2 степени денеска го погодија грчкиот остров Закинтост и ги вознемири туристите и локалното население.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето јужно од островот на длабочина од 20 километри, додека вториот епицентар бил исто така во морето, но западно од островот со длабочина од 9,2 километри, пренесува новинската агенција „АНА“.