Турција не го почитува договорот за прекин на огнот, тврдат сириските Курди

0
212

Командата на сириските Курди соопшти денеска дека Турција не се придржува до договорот за прекин на огнот, затоа што не ја прекина опсадата на клучниот град во североисточна Сирија, Рас Ал-Ајн.

Сириските демократски сили го повикаа потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој посредуваше во постигнувањето договор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, да влијае врз Турција да го почитува договорот за петдневен прекин на огнот.

Како што пренесуваат светските агенции, тој пограничен град е тест за реализација на договорот кој предвидува и повлекување на курдските сили од тоа подрачје.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, соопшти денеска дека сириските бунтовнички сили поддржани од Турција вчера спречиле конвој со медицинска помош да влезе во Рас ал Ајн.