Турција очекува поддршка од НАТО по нападите врз Сирија

0
138

Генералниот серкетар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Истанбул се сретна со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, со кого разговараа за турската офанзива против Курдите во северниот дел на Сирија, пренесе Ројтерс.

„Турција очекува Алијансата да покаже силна солидарност со Анкара против заканите за турската безбедност“, рече Чавушоглу, на заедничката прес-конференција со Столтенберг.

НАТО ја поддржува Турција со 5 милијарди долари за воена инфраструктура, додаде Столтенберг. „Тоа покажува дека НАТО е присутен во Турција. Тука сме за да ја заштитиме Турција, но и сите нас“, рече Столтенберг.