Турција: Уапсени 100 припадници на ИД кои планирале напад

0
82

Шефот на турската полиција Мехмет Актас денеска изјави дека 100 лица се уапсени во рациите против терористичката Исламска држава, појаснувајќи дека таа група планирала напад.

Актас рече дека осомничените се уапсени во 26 рации, изведени во 21 провинција.

Тој информираше дека групата се подготвувала за можен напад, кој би се совпаднал со прославите поврзани со одбележувањето на 96-годишнината од основањето на Турската Република.

Турција ги зајакна безбедносните мерки по смртта на лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади во американска воена операција во Сирија.