Утре во 17 часот лидерска средба кај Пендаровски

0
133

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, на која ќе присустуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата ќе се одржи утре во 17 часот во „Вила Водно”.

На лидерската средба се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на движењето Беса Билал Касами.

Премиерот Зоран Заев денес на прес-конференција рече дека кај Пендаровски ќе оди со предлог за предвремени избори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека очекува договор за избори, ако Заев не се предомисли.

И за лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, изборите се најдобро решение, по недобивањето на датумот за започнување на преговорите.

За Алијанса за Албанците е добра вест што ќе има предвремени парламентарни избори.

Политичката партија Алтернатива, по негативната одлука за преговори за членство на држвава со Европската унија побара што побргу да се прогласат предвремени избори, кои, како што вели лидерот Африм Гаши, ќе го потврдат ставот на граѓаните за своите посакувани претставници.