Бојан Јовановски и Катица Јанева, осомничени во случајот „Рекет“, утре имаат последен рок да направат увид за случајот по завршувањето на истрагата и завршувањето на рокот од 15 дена.
Потоа се очекува обвинителката Вилма Рускоска да покрене обвинение.
Бојан Јовановски и Јанева сеуште немаат дадено исказ пред Русковска.
Досега само Кичеец е во домашен притвор, а жалбите на Боки и Јанева беа одбиени.
За потсетување, досега одекнаа три снимки за Рекет од италијанскиот Ла Верита.