– Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2019 за долгови доспеани до 30.06.2019 и неплатени до 30.09.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
повисок од 300.000 денари за правните лица, соопштија од Управата за јавни приходи.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.