Франција бара реформа на процесот на проширување на ЕУ па дури потоа датум за преговори за Македонија

Надежта на Македонија и Албанија за отпочнување преговори за членство во ЕУ е се помала, пишува “Блумберг”,  посочувајќи дека Франција и претседателот Макрон инсистираат дека ЕУ не е подготвена да разговара за можноста за прием на нови земји – членки.

Повикувајќи се на документи кои ги размениле дипломатските мисии во Брисел, Блумберг потсетува дека Македонија и Албанија со нетрпение очекуваат зелено светло од Брисел за почетокот на формалните разговори за прием во ЕУ. Иако најголем дел од земјите членки го поддржуваат нивното барање, пишува Блумберг, Франција и Холандија посакуваат целосен ремонт на процесот на проширување на Унијата, пред да почнат преговорите со Македонија и Албанија.