Хан: Имам доверба во Бојко Борисов, ова не води кон вето

0
59

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека е уверен оти Софија нема да го блокира почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, но сепак ја повика да не го користи пристапниот процес за билатерални проблеми.

Одговарајќи на прашање на МИА за позицијата на Бугарија околу преговорите со Северна Македонија и барањата поврзани за историјата и јазикот, Хан истакна дека е „многу уверен дека ова не води кон никакво вето“ и дека има „многу доверба“ во бугарскиот премиер Бојко Борисов дека тоа нема да се случи.

„Но, ова е исто така прашање каде можам само итно да ги повикам нашите земји членки да не го употребуваат процесот за билатерални прашања, ако тоа биле случај, тогаш ова никаде не води“, додава Хан.