Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија, Рамуш Харадинај, прв излезе на прес-конференција.по завршувањето на вонредните парламентарни избори на Косово.
„Алијансата расте, но тешко е да се добие точен резултат“, рече Харадинај. Според сегашните прогнози, неговата Алијанса има само околу 10 проценти од гласовите.
Врз основа на 80,57 проценти од пребројувањето на гласовите, Движењето Самоопределување на Албин Курти води со 26,91 проценти од гласовите. Според Централната изборна комисија, Демократскиот сојуз на Косово (25.03%) е втор по бројот на освоени гласови, а на третата позиција е Демократската партија на Косово со 21,17%. Српска листа освои 10 мандати, односно целосна победа кај српското малцинство.