Холандија го суспендираше извозот на оружје за Турција

Холандија во петокот вечерта објави дека привремено го суспендирала извозот на оружје за Турција, поради нејзината воена оперција портив Курдите во североистокот на Сирија.

Потпретседателот на холандската влада Уго де Јонге, изјави дека ќе биде забранет воениот извоз во текот на траењето на турската офанзијва. Холандиските медиуми пренесуваат дека холандскиот извоз на оружје во Турција во минатата 2018 година изнесувал 29 милијарди евра.

Претходно во средата Шведска најави дека ќе бара од Европската унија да воведе ембарго на продажба на оружје на Турција. Шведската влада нема издадено дозволи за извоз на воена опрема за турската армија во 2018 и во 2019 година.