Шахпаска: Административците до 15. октомври ќе го добијат покачувањето од 5 проценти

0
138

Вработените во јавниот сектор за месец септември ќе добијат повисока плата за пет проценти од досегашната, уверуваат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз.

Пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска вели дека платата ќе биде исплатена во законски предвидениот рок до 15-ти во месецот.

„Владата предводена од СДСМ за ова покачување на платите и за подобрување на животниот стандард има обезбедено финансиски средства“, рече Шахпаска.

Таа оцени дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзините пратеници шират лажни вести и создаваат лажна грижа кај граѓаните, откако претходно од опозицијата посочија дека уште не е исплатено покачувањето кај административците.

„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која парите ги трошеше на барок и стиропор, СДСМ се грижи грижи за граѓаните и обезбедува средства за подобрување на нивниот стандард. Од минатата година до денес покачена е платата за 10 проценти на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти, покачена е платата во образованието, обезбедена е финансиската состојба на 12 илјади стечајци“, рече Шахпаска.