Шверцери на дрога го фрлиле хероинот во Егејското Море кога ја виделе полицијата
Грчката полиција во соработка со крајбрежната стража пресретна меѓународна мрежа од шверцери на наркотици во Егејското Море и притоа заплени повеќе тони канабис.
Осумничените се обиделе со глисери да ја пренесат дрогата во Турција кога ги пресретнале грчките власти, пренесе новинската агенција АНА.
Во операцијата уапсени се тројца државјани на Албанија, а четвртиот осомничен е фатен на островот Ангистри.
Полицијата заплени 1.172 килограма канабис, но осомничените успеале да фрлат во морето голема количина хероин, која уште не е пронајдена.