Шекеринска верува дека НАТО ќе ги задржи младите

0
193

Речиси 30 години државата се обидува да исполни една своја стратешка цел, тоа е членството во НАТО, не само поради политички бенефит, туку поради тоа што како држава од поранешна Југославија, видовме колкава е цената на нестабилност, на војна, на конфликт. И затоа учеството во најмоќната воено-политичка алијанса заедно со најмоќните и најбогатите е шанса за државата да профитира на безбедносен план, изјави Радмила Шеќеринска во Куманово пред почетокот на дискусијата за придобивките и предизвиците од членството во НАТО.

Таа посочи дека три децении инвестиравме во членство, меѓутоа три децении нашите напори останаа без резултат, а сега кога огромен број членки го ратификуваа Протоколот, нагласи, може да се каже дека сме го оствариле она што е стратешка цел.

Тоа што пред две години изгледаше невозоможно, домашната криза, нападот во Собранието што не фрлија на страната на нестабилноста, членството во НАТО гарантира дека и економски и политички државата се стабилизирареше – истакна министерката.

Според неа, НАТО членството ќе биде круна на заложбите да станеме дел од западниот и развиен свет. Членството во НАТО, рече таа, е и паметна одбрана, а парите кои се одвојуваат ги спореди со одвојување 50 денари од секој граѓанин на годишно ниво за кафе.

50 денари годишно од секој граѓанин е мала цена за сигурно небо и безбеден сон – нагласи министерката. Со НАТО членството ќе се задржат и младите во македонската армија, рече министерката Шекеринска, која се осврна и на лажни вести кои произлегоа во врска со членството, а македонските компании ќе можат да учествуваат на тендери кои ќе ги објавува Алијансата.