Шилегов: Ќе побарам разрешување на директорката на Централен оти не сака да ја смени сопственоста на Дрисла, а сите знаеме дека Мијалков го води бизнисот

0
46

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вечерва на Топ тема на Телма, обвини дека директорката на Централниот регистар и неколку регистратори одбиваат да направат промена на сопственоста на депонијата Дрисла иако градот е во право.

Ние ќе побараме нејзино разрешување и кривично ќе ја гониме неа и регистраторите затоа што одбиваат да го заведат градот како концесионер на депонијата за која сите знаеме дека досега ја работи Мијалков, рече Шилегов.