Апасиев: Лоши времиња дојдоа, да му е незгодно на Пендаровски да се поклони на гробот на Гоце Делчев

0
156

Претседателот на Црна Гора при денешната посета на Македонија положи цвеќе и се поклони на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, но македонскиот претседател не го стори тоа, објави Алфа.

Со венец црвено цвеќе, првиот човек на Црна Гора, Мило Џукановиќ, заедно со неговата делегација беше во црквата Св. Спас каде се наоѓа вечното почивалиште на Делчев, македонскиот револуционер кој е во фокусот на јавноста, особено откако е една од главните теми на сопнување во македонско-бугарската комисија за ревизија на учебниците по историја.

Изненадувачката одлука на Пендаровски, за непојавувањето на чин со положување цвеќе, од неговиот кабинет за Алфа го правдаа со протоколот кој наведувал дека гостинот сам оди да положува цвеќе, со членови на претседателскиот кабинет, во случајов членови од кабинетот на Пендаровски. Односно дека не морало да оди и тој.

-Лоши времиња дојдоа… Да му е незгодно на Пендаровски да се поклони на гробот на Делчев во Скопје, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук.