ВО ПОСЛЕДНА МИНУТА: ГРУЕВСКИ МУ ОТКАЖА ПОЛНОМОШНО НА АДВОКАТ СРЕДЕ СУДЕЊЕ

0
150

Судскиот процес за незаконската градба на палатата на ВМРО-ДПМНЕ, во кој се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски, пак не почна, зашто избеганиот поранешен премиер непосредно пред почетокот му откажал полномошно на својот адвокат.
Судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи судењето, наместо да назначи нов адвокат.

Следното судење е закажано за 21 ноември годинава.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.