„Врие“ од крадци во Чаир – граѓаните со „блиндирани“ балкони

0
131

Група крадци за која се претпоставува дека брои околу 10 члена, речиси секоја ноќ ограбува по еден стан во Чаир. Жителите кои се најчесто жртви на крадците се од општина Чаир, најчесто од населбите познати како Зградите во Чаир, Топанско Поле и Скопје Север. Речиси сите балкони во Чаир кои се на приземје и први кат се оградени со решетки.

Од СВР Скопје велат дека има кражби и дека се преземаат превентивни мерки за поголема безбедност.

Од таму информираат дека во овие девет месеци од 2019 година само во полициската станица на Бит Пазар се пријавени 53 случаи на тешки кражби во станови и куќи.

Припадник на полицијата кој сакаше да остане анонимен за ТВ21 изјави дека групата крадци е составена од околу 20 лица на возраст од 15 до 40 години. Тој рече дека повеќето од нив и се познати на полицијата, бидејќи како што рече, полицијата неколку пати ги има фатено на дело, но, судот ги ослободува многу брзо. Полицаецот рече дека повеќето од нив се зависници од дрога и дека во моменти на криза, кога немаат дрога, се впуштаат во кражби. Не само станови, тие ограбуваат и автомобили особено кога ќе видат чанта внатре.