ДЕНЕСКА Е ПОСЛЕДНАТА ШАНСА: ЌЕ ДОБИЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ?

0
122

Попладнево во Брисел ќе се одржи дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, каде една од точките на разговори ќе биде одлуката за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија.
Франција беше најголем противник за Македонија да добие датум за преговори, а ЕУ повеќе од една година не успева да постигне компромис по ова прашање.

Ако Европската Унија не донесе одлука за почнување на преговори со Северна Македонија тоа практично ќе значи дека не го почитува, па дури и дека го казнува Преспанскиот договор…
Иако мнозинството од земјите членки на ЕУ сметаат дека во најмала рака треба да се даде зелено светло за Северна Македонија, сепак Макрон смета дека е неопходно прво да се реформира процесот на преговори со земјите кандидати пред да се даде зелено светло за други земји.

Нашата држава е во предност во однос на Албанија која има речиси непостоечки шанси за влез во унијата.

Засега не е јасно дали проширувањето ќе биде на дневен ред денеска или утре, претседателот на Европскиот Совет треба да ја прецизира агендата на разговори утрово.

Премиерот Зоран Заев вчера направи обиди да ги убеди европските лидери да го одржат ветувањето кон земјата.

–По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите со ЕУ сега и веднаш. Подготвени се за тоа политички и институционално. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти, високо ниво на разочарување кај граѓаните и кај сите кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од Преспа. Во јуни добивме порака дека Северна Македонија исполни се, но поради календарски услогласувања на земјите членски на ЕУ добрата вест за старт на преговорите ќе ни простигне во октомври. Октомври дојде и ние сме во Брисел, ја очекуваме заслужената вест за одлука за преговори за нашата стратешка цел членство во ЕУ, порача премиерто Зоран Заев на зедничката прес-конференција во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.