ЗАЕВ: ЌЕ ГО СПРОВЕДЕМЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ДО КРАЈ, ГО ОЧЕКУВАМЕ ТОА И ОД ГРЧКА СТРАНА

0
76

Македонија треба да остане на европскиот пат и покрај пречките кои се појавија на последниот Самит на лидерите на ЕУ, ова е пораката која до македонските политичари ќе ја испрати новиот претседател на Европскиот парламент, Давид Сасоли кој следната недела ќе се сретне со државниот врвСасоли, за кого ова ќе биде прва официјална посета на некоја држава надвор од унијата вели дека ја разбира разочараноста на жителите од неспособноста на Европскиот совет да го испорача ветеното но дека спроведувањето на реформите е во интерес на самата држава…

– „Нема да молчиме туку ќе продолжиме да бараме од земјите членки на ЕУ на следната средба да донесат едногласна одлука за старт на преговорите. Во меѓувреме ги охрабруваме двете држави да продолжат со исполнување на реформите. Убедени сме дека и покрај одложувањето, времето нема залудно да биде потрошено. Спроведувањето на реформите на патот кон Европската Унија е во интерес на самите држави и на граѓаните.“ – се наведува во соопштението на европскиот парламент.