Малолетник возел без дозвола: Сообраќајка во тетовско, шест лица повредени

0
75

Вчера околу 22.45 часот на регионалниот пат Тетово – Брвеница се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, што без возачка дозвола го управувал 17-годишник од тетовското село Луковица и „фолксваген голф“.

„Во незгодата, возачот на возилото „бмв“ и четири лица од возилото „голф“, Н.Ј.(36), Н.А.(31), А.Ј.(38) и М.Л.(33), од тетовското село Челопек, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници од возилото „бмв“ на возраст од 17 години, од тетовска Брвеница“ стои во полицискиот извештај.