Намалени се очекувањата за брз влез во ЕУ

0
121

Граѓаните се помалку веруваат дека се наоѓаме на вистинскиот пат кој ќе не однесе во ЕУ . Тие сметаат дека со влез , животниот стандард ќе порасне, меѓутоа паралелно со тоа, дел од нив исто така веруваат дека меѓународната положба на Македонија е послаба и дека треба да се бара друг пат за развој на државата.

Истражувањето на Еврометар , покажува дека во рок од 6 месеци очекувањата за влез во ЕУ се паднати за 12%.

„Анкетата целевме да ја направиме пред драматичниве настани, дали ќе има преговори или не, она што е намалено се очекувањата за брз влез, доколку 60 % од граѓаните верувале дека ќе се случи членството во наредниве 10 години, што е индикатор за голем оптимизам сега се намалени за десетина проценти“, изјави Љупчо Петковски.

Телефонската анкета открива и дека зголемен е процентот на оние кои сметаат дека Грција и Бугарија се најголема закана за пристапувањето на земјава во ЕУ, но изненадувачки, зголемен е бројот и кога станува збор за Албанија и Русија.

Општо земено, кога се работи за довербата во демократијата од 33, 7% во 2014-та година, во 2019-та бројката е намалена на 27,4 проценти.
И покрај се останува голем процент на луѓе кои веруваат дека датумот за преговори ќе го добиеме во октомври.