Нов удар врз работниците: Газдите во текстил бараат повеќе работни часови без да им платат

0
115

Конфекционерите со радикални барања-загарантираните 30 минути пауза да не се плаќаат, да работат за време на државни празници, но и да се врати нормираниот учинок. Поставувањата на вакви барања во период кога странските фактори укажуваат дека во државата имаме реален проблем со искористувањето на трудот, е апсурдна и непромислена постапка, смета Кристина Ампева од здружението Гласен Текстилец..

Ампова потенцира дека со новите барања доколку се усвојат од власта,конфекционерите само ќе го легализират она што досега го правеа незаконски.Во Штип речиси и да нема конфекција која не работи на државни празници..