Тетовчанката Кристина најфотогенична на „Мис Глоуб“ за 2019 во Улцињ

0
107

Кристина Димитријевска од Тетово (23), членка на модното студио „Црнокрак“ и поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски ја освои титулата „Мис фотогеничност“ на 47. „Мис Глоуб 2019“ што се одржа во Црна Гора.

Во црна тоалета црн фустан го прими признанието на свеченоста кое се одржа во Улцињ. Нашата убавица носеше и долг црвен фустан со златни везови во сегментот кога мисиците дефилираа во национални костими. Кристина на изборот се претстави во креации на дизајнерката Љумние Љоки