Унгарија нема да го екстрадира Груевски за 27 април

0
130

Унгарија нема да го екстрадира Никола Груевски ниту за неговата ниту за настаните поврзани со крвавиот четврток, потврди Министерството за правда за А1он, иако аилот му е одобрен за случајот „Тенк“ за кој требаше да издржува двегодишна казна затвор но пребега во Будимпешта непосредно пред одлежувањето.

„Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал“, велат од Министерството за „А1он“.

Јавното обвнителство за организиран криминал во мај покрена обвинение за поранешените министри Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски, екс собранискиот спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, како организатори за насилствата на 27 ми април. Постапката за бегалците Никола Груевски и заменикот началник во петата управа Никола Бошковски ќе продолжи кога тие ќе бидат пронајдени.