11 Октомври неработен ден за сите граѓани

0
50

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 11 октомври, петок, Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Ден на востанието или Ден на народното востание на македонскиот народ се празнува на 11 октомври. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ.