28 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ СО НОЖ И ПИШТОЛ СЕ ОБИДЕ ДА ОГРАБИ ЗЛАТАРСКИ ДУЌАНИ ВО ОХРИД

0
143

Охридската чаршија како сцена од акционен филм откако 28 годишен скопјанец синоќа направи вистинска драма  со нож и пиштол  обидувајќи се да ограби неколку златари и дуќани, а потоа со оружјето заплашуваше гости по угостителските локали. За среќа тој веднаш е приведен во охридската полиција, а повредени нема.

Oд СВР информираат дека пиштолот кој го носел бил на дијаболи, а според првичните сознанија кражба немало. Која е причината за целата негова акција на заплашување и дали лицето било под дејство на психотропни супстанци е сеуште непознато, но полицијата работи на расветлување на настанот по што ќе следува кривична пријава.